Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со своите несериозни и расипнички постапки ја срами Република Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-na-telefon

Зоран Заев не е жртва, туку Република Македонија е жртва на неговиот криминоген карактер, неодговорноста и неспособноста. Република Македонија 3 години е држава која е загубена во корупција, нееднаквост пред законот и расипништво, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Извинувањата за злоделата на Зоран Заев не помагаат да се исчисти срамот  и конечно да се тргне напред. Заев треба да одговара за своите постапки.

— реклама —

Заев со своите несериозни и расипнички постапки ја срами Република Македонија каде и да стигне и ризикува да ги влоши односите на земјава со меѓународните партнери.

— реклама —

Одговорност мора да има не само поради последниот меѓународен срам со кој што ја засрами и Македонија  и нашите партнери и пријатели, туку и поради низата погрешни политики и скандали кои што тој и неговите функционери ги прават во континуитет.

— реклама —

Заев треба да понесе одговорност затоа што земјава не доби датум за преговори со Европската Унија. Македонија не доби датум заради немањето реформи од страна на власта што го потврдија и странските дипломати во земјава. Затоа Заев наместо да бара изговори и да обвинува други, треба да ја понесе одговорноста за овој неуспех.

Одговорност треба да има и за високата корупција, криминалот, местените тендери на функционерите од врхушката на власт, но и непотизмот кој како канцер го зафати нашето општество.

Заев треба да одговара затоа што ја уништи македонската економија која е на дното во Европа, граѓаните стануваат посиромашни, долгот вртоглаво расте, додека бизнисите на неговата фамилија од ден во ден се повеќе се шират.

Одговорност мора да има и заради шерифското однесување на државните функционери кои киднапираат и тепаат граѓани, се закануваат, купуваат нелегални супстанци и шверцаат цигари без да одговараат пред законите.

Заев треба да одговара и за заробеното судство и обвинителство кои единствено служат за прогон на неговите политички неистомисленици и амнестија на своите криминали и криминалите на соработниците.

Република Македонија предводена од Зоран Заев и СДСМ не е ниту демократска ниту европска држава. Државата и граѓаните можат да имаат европска иднина и просперитет единствено кога Заев и СДСМ ќе си заминат од власт и ќе се вратат правото и правдата во Македонија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања