Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ застана зад Данела Арсовска: Убеден сум дека го имаме идниот градоначалник на Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
Mickoski-01.06

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека ќе ја поддржат Данела Арсовска за кандидат за градоначалник на Град Скопје. Тоа според него е со цел, натпартиски човек да ги обедини сите. Таа според него е докажана личност.

„Во Скопје има недостаток од градоначалник и тим кој ќе го унапредат градот. Делови на Скопје немаат вода за пиење, имаат проблем со канализација, Партизанска се поплавува, нема Луна парк, а има бетон, бетон и бетон. Бетонот го загрозува квалитетот на животот. Епилогот е создавање на апатија, гадење од политика кај граѓаните, демотивација. Затоа на Скопје му е потребен менаџер на градот. Личност кој ќе ги обедени сите“, рече Мицкоски.

— реклама —

Застанувањето зад Данела Арсовска, според Мицкоски е сигурна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Арсовска е на чело на Сојузот од 2014 година. Претходно беше член на Управниот одбор и претседател на Услужна комора. Таа е член и на Советот за јавно приватно партнерство во Владата на Република Северна Македонија.

— реклама —

Арсовска има магистратура по економија од Универзитетот во Оксфорд и Универзитетот во Шефилд.

— реклама —

СДСМ и официјално го промовираше актуелниот градоначалник Петре Шилегов како кандидат за градоначалник на Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања