Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО НП: Зошто македонските фармацевтски гиганти не ги увезуваат и пуштаат на пазарот брзите ПЦР тестови?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
korona-test

Според наши потврдени информации, во некои од соседните земји веќе се продаваат брзи ПЦР тестови каде што луѓето можат самостојно да го купат во аптека и самостојно во рок од петнаесет минути да направат проверка дали нивниот резултат е позитивен или негативен. Цената на овие брзи ПЦР тестови изнесува околу 12 евра, се вели во соопштението од ВМРО НП.

— реклама —

Тие во соопштението додаваат:

— реклама —
— реклама —

Зачудени сме зошто македонските фармацевтски гиганти не ги увезуваат и пуштаат на пазарот ваквиот тип на тестови кои од една страна ќе доведе до значитечно финансиско олеснување на луѓето, а од друга страна пак ќе се избегнат долгите редици во медицинските центри и лабораториите со што дополнително ќе се спречи и можноста за ширење на дополнителна зараза.

— реклама —

Ако фармацевтските компании немаат интерес за ваков увоз тогаш може и самата Влада да направи директен увоз на вакви ПЦР тестови и да се пуштат во широка продажба за масовна самоконтрола и проверка на луѓето, се вели во соопштението од ВМРО НП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања