Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Внесувањето на луѓе од потесното семејство на Арсовска во изборната кампања ја покажува бедата на Шилегов и нивото на кампања кое тој го води, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
DSC07343

„Внесувањето на луѓе од потесното семејство на Арсовска во изборната кампања ја покажува бедата на Шилегов и нивото на кампања кое тој го води. Тоа е последица на фактот што Шилегов нема одговор на прашањата како стигна до имот од неколку милиони евра. 1. Луксузна хациенда од 300 м2 во Маврово; 2. Зграда со два ката дивоградба во Карпош; 3. Стан во Скопје од 68м2 4. Стан во Скопје од 64м2; 5. Стан во Скопје од 72м2; 6. Стан во Скопје од 87м2; 7. Накит од благородни метали во вредност од 8.000.000 денари; 8. Уметнички и колекционерски предмети во вредност од 3.000.000 денари; 9. Удели во две фирми;10. Парични средства во висина од 8.538.000 денари; 11. Две луксузни возила Ауди кои не ги пријавил во анкетниот лист“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Двата непријавиени луксузни автомобили, хациендата во Маврово и доградбата дивоградба на зградата во Карпош Шилегов ги направил од позиција на градоначалник и треба да одговори од каде ги стекнал тие пари! ДКСК да постапи во однос на случајот со Шилегов и да отвори постапка“, додаваат оттаму.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања