Внимание: Се очекуваат обилни врнежи, кој полека речиси насекаде ќе преминат во снег

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Под влијание на длабок циклонски систем со центар над Северен Јадран и потоа над Средозејмето, поврзан со значително ладен воздух од север, во текот на оваа работна недела ќе имаме повремени врнежи, претежно од снег, но на почетокот во некои од пониските места ќе има врнежи од дожд, кој полека ќе преминуваат во снег.

— реклама —

Од оваа ноќ, па во деновите потоа ќе дува повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

— реклама —

На повеќе пониски места до крајот на оваа работна недела ќе се формира сннежна покривка од 5 до 10 сантиметри, а во западните и во источните предели понекаде до околу или над 20 сантиметри. На планинските места како и на Скијачките центри снежната покривкаvзначително ќе се зголеми и вкупо со новиот снег во следните денови таа ќе изнесува над половина метар, на повисоките надморски височини и до околу еден метар.

— реклама —

Во Скопскиот регион со овој ладен и влажен бран од север ќе има повремени врнежи кој во следните денови ќе бидат од дожд и снег или повремено ќе преминуваат само во снег. Во делови од котлината, особено во повисоките предели од истата ќе се формира и помала снежна покривка, а поголема снежна покривка ќе има на околните планини. И во Скопје од оваа ноќ, па во следните денови повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до температурите, пред нас е значително постуден период со зимски температури, и тоа како што доликува за крајот на Декември месец. Наутро тие на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, а и преку ден тие ќе се искачуваат за некој степен над нулата, а понекаде тие ќе останат и до околу, па и под нулата, особено на повисоките населени места и на планините, и секако на Скијачките центри.

Се предупредуваат возачите, и тоа доколку се движат низ планинските превои, да бидат крајно внимателни и тоа поради очекуваните обилни снежни врнежи и значителната снежна покривка, но и поради појавата на голомразица. Исто така Скијачитеда бидат крајно внимателни и да не се оддалечуваат на поголеми надморски височини и тоа поради намалената видливост која се очекува.

Поради повремено засилениот ветер од северен правец кој се очекува во следниот период, се очекува и појава на снежни наноси, особено на повисоките места, планините и Скијачките центри.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања