Внимавајте, се повеќе полиција и повеќе казни во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
IMG_7474

Во текот на изминатата вечер (10/11.12.2021), во периодот од 20.00 до 04.00 часот, спроведена е зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на град Скопје, и тоа во oпштина Аеродром, општина Центар и општина Карпош, при што се санкционирани 135 возачи.

— реклама —

Во периодот од 20.30 до 00.00 часот на територија на општина Аеродром санкционирани се вкупно 60 возачи, меѓу кои седум за возење без возачка дозвола, две мерки за измината важност на регистрација на возилото, 14 санкции за возење под дејство на алкохол....

— реклама —

Во периодот од 00.00 до 04.00 часот на територија на општина Карпош санкционирани се вкупно 29 учесници во сообраќајот, од кои четири управувале возило без возачка дозвола, 18 возеле под дејство на алкохол, шест санкции за возач почетник...

— реклама —

Во времето од 00.00 до 04.00 часот на територија на општина Центар санкционирани се вкупно 46 возачи, од кои пет управувале без возачка дозвола, 17 возачи управувале под дејство на алкохол, четири санкции за возач почетник...

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања