Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави дека средбата со министерот за здравство, Арбен Tаравари, ќе се одржи во Владата во 17 часот. Порача дека Владата е стабилна, дури и ако Таравари со Алијанса за Албанците одлучи да коалицира со ДУИ на локалните избори.
- Сакам да слушнам генерално како размислува за последните случувања. Има две опции - едната е онаа на Владата на реформи и онаа опција која години наназад ја криминализираше државата и ги уништуваше институциите. Тоа е изборот - трета опција нема. Сакам да слушнам од Таравари која е неговата опција. Што се однесува кај личните односи, како човек имам позитивно мислење за Таравари, но во политиката образот е нешто што го имаш или немаш.
Во неговиот случај најмалку три пати сум го одржал зборот дури и кога сум имал дилема, затоа заткулисни игри се провидни и лесно се идентификуваат и препознааат, а им се удираат од глава на крај на оние што ги прават. Никого не сум молел - со или без Таравари, Владата е цврста и стабилна, речеденеска Мицкоски при посетата на Штип.