Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Во 2022 нема зголемување на даноците, тврди Лукаревска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
lukarevska

Имаме добри економски показатели и добра реализација во 2021 година, економијата е стабилизирана.

— реклама —

Буџетот за 2022 е проектиран на постоечките даночни стапки, така што нема да има зголемување на даноците. Работиме на тоа да има олеснување и подобрување на услугите, да имаме понапредни услуги да излеземе во пресрет и на компаниите и на граѓаните. Тоа може да очекуваат граѓаните наредната година, поедноставување на процедурите и зголемена ефикасност, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за телевизија Канал 5.

— реклама —
— реклама —

„Она кое што го презентиравме со МФ тоа е една реформа за даночниот систем на која работиме подолг временски период. Станува збор за ефикасност, олеснување на процедурите, поголема транспарентност на даночниот систем, дигитализација и запазување на принципот на правничност.“ истакна Лукаревска.

— реклама —

- Во 2021 година имаме 17,89 отсто повеќе собрани приходи во споредба со 2020 година или 8,7 отсто повеќе во однос на 2019 година која што не беше кризна година. Тоа значи дека имаме поголема економска активност. Ова е уште една потврда дека економијата е стабилизирана, додаде Лукаревска во интервју за Канал 5 телевизија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања