Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Во 2031 можеби и ќе биде вакцинирано 75 отсто од населението

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vakcinacija

Со досегашното темпо на вакцинација, Македонија ќе стекне колективен имунитет за 10 години, објави Блумберг.

— реклама —

„Во Македонија, најновите податоци покажуваат дека во просек се дава по 651 доза на ден. Со ова темпо, потребни ќе бидат уште десет години за да се имунизира 75 отсто од популацијата“, пишува Блумберг, а сподели „А1он“.

— реклама —

За разлика од кај нас, во соседна Албанија, потребни ќе бидат уште само девет месеци за да се имунизира 75 отсто од населението.

Бугарија со 9.215 дози на ден, ќе се стекне со колективен имунитет за речиси три години од сега.

Во Србија засега просекот на дневно вакцинирање е 62.857 дози, што значи дека за четири месеци веќе ќе бидат имунизирани 75 отсто од луѓето.

Во Грција во просек на ден се имунизираат по 39.656 лица, и со ова темпо ќе и биде потребна една година за да дојде до посакуваниот колективен имунитет.

На Словенија со 8.055 примени дози на ден, ќе и бидат потребни уште 11 месеци за да дојде до колетивен имунитет.

Министерот за здравство, Венко Филипче пред два дена кажа дека започнува масовната вакцинација во земјава.

Според неговата изјава, во арената „Борис Трајковски“ во просек се вакцинираат околу 300 лица на час, или околу 3.000 на ден.

Во западноевропските земји, и покрај тоа што дневно се вакцинираат значаен број на луѓе, потребно ќе биде долго време додека да стигнат до „имунитетот на стадо“.

Во Германија се имунизираат по 272.056 луѓе на ден и ќе и бидат потребни 13 месеци за да имунизира 75 отсто од своето население.

Во Холандија се имунизираат по 39.565 луѓе на ден, што значи дека со ова темпо на вакцинација ќе и бидат потребни уште 20 месеци да дојде до колективниот имунитет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања