Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Во 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 65 пациенти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
korona-4

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 65 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 703 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

— реклама —

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 примени пациенти и 4 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а 8 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 10 пациенти.

— реклама —

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 43 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 313 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 35 болни.

Вкупно 703 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања