Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Во администрацијата на Град Скопје нема 109 нови вработувања, тврди Попов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
uploads_thumbs_resize_800x420_348903

СДСМ лажат дека во администрацијата на Град Скопје има 109 нови вработувања. Од СДСМ не знаат како да се однесуваат кога не можат на градски трошок да јадат по кафеани разни бифтеци и да пијат скапо виски, па со лаги сакаат да прикажат лажна реалност, вели Сергеј Попов, советник во Советот на Град Скопје

— реклама —

„Ниту 109 лица се ново вработени во Град Скопје, ниту лицата од СДСМ кои учествуваа во двојно зголемување на администрацијата на Градот Скопје имаат образ истата да ја коментираат.

Шилегов во својот мандат ја дуплираше градската администрација и повеќе места за нови вработувања нема.

— реклама —

Најавените 109 лица во програмата за вработување се за лицата кои веќе работат во администрацијата чии договори се продолжуваат, можност за времено пополнување за време на боледување или пак во случај на пензионирање.

СДСМ изнесува невистини и врши притисок затоа што сака нивните кадри кои вршеле злоупотреби да ги задржат своите функции и работни места. Штом секој ден немаат друга тема за прес конференција и соопштенија освен Град Скопје и сакаат за два месеци мандат да наметнат впечаток за неуспех, очигледен е големиот очај од поразот.

Незадоволството кај граѓаните од тоа што само 5% од ветеното го реализирале за четири години, нема да го покрие ниту една нивна негативна кампања.

Во Град Скопје се работи одговорно и со план, за разлика од времето кога СДСМ управуваше со Градот, кога на сметка на народот се гоштеваа функционери по кафеани, и се исплаќаа суми на тендери двојно поскапи од тоа што треба.

Заврши времето на арамилукот во Градот Скопје“, додава тој

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања