Промени тема
Контакт

Во Аеродром проверени над 100 угостителски објекти, ќе се проверуваат и зградите дали имаат хидрантска мрежа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
skopje-zagadeno-zgradi

Инспекциските служби на Општина Аеродром во текот на минатата недела извршија контроли на околу 100 угостителски објекти кои работат на територијата на општината.

— реклама —
— реклама —

„Во тек е обработка на податоците што се собрани од терен и се изготвува анализа за состојбата со исполнувањето на законските одредби и подготвеноста на објектите за вршење на угостителска дејност. Исто така, Општина Аеродром веќе изготви план за контрола на хидрантските мрежи во станбените згради, за пристапите, како и за излезите од објектите за колективно домување и од понеделник, во соработка со куќните совети и со управителите на станбените објекти, ќе започне инспекција за состојбата во зградите.

— реклама —
— реклама —

Инаку, в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, во вторникот, на 18 март, испрати барање до сите основни училишта и детски градинки, при што во најкус можен рок треба да достават одговори за состојбата со хидрантските мрежи во објектите, како и за ажурирањето на апаратите за гаснење пожар. Исто така, потребно е да достават и елаборати за противпожарна заштита, како и планови за евакуација. Општина Аеродром прави сѐ што е во нејзина надлежност за зачувување на безбедноста на граѓаните и обезбедување на сите услови за непречено одвивање на секојдневието, како на физичките, така и на правните лица. 22.3.2025 година Општина Аеродром“, велат од Општина Аеродром.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања