Промени тема
Контакт

Во Аеродром, сите градинки добија фотоволтаични кровни конструкции, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vmro-1

1090 проекти за само 100 дена од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, додека општините каде се СДСМ и ДУИ немаат ниту еден отчет, зошто се без проекти, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„За 100 дена градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ имаат направено многу повеќе од нивните претходници од СДСМ за 4 години.

Во Битола се завршува реконструкцијата на стадионот, што беше почната во време на ВМРО-ДПМНЕ, и СДСМ цел мандат не можеше да го доврши.

Охрид добива нов булевар, и реконструирани улици.

— реклама —

Во руралниот дел од Гази Баба и Драчево во Кисела Вода се прави нова фекална канализација.

— реклама —

Низ сите општини се уредуваат зелените површини и се чистат дивите депонии.

Во општина Аеродром, сите градинки добија фотоволтаични кровни конструкции, а фотоволтаици добија и некои основни училишта.

— реклама —

Основно училиште се гради во Илинден, а градинки во повеќе општини.

Низ цела Македонија градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ работат да го реализираат ветеното. Проектите се видливи, промените на подобро се чувствуваат, се вели во соопштнеието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања