„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Во Албанија стапува во сила забраната за увоз на автомобили постари од десет години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Во Албанија од вечерва на полноќ стапува во сила забраната за увоз на автомобили постари од десет години, всушност ќе биде дозволен увоз на возила кои исполнуваат стандард „Евро четири“.

— реклама —

За камиони и автобуси, дозволената старост на производство ќе изнесува 15 години. Постои простор за возила од историски интерес и колекционерство, за кои е дозволен увоз, доколку се произведени пред 1970 година.

Денис Шабани, Директор на Царинската испостава во пристанишниот град Драч, од каде во најголем број влегуваат увезените возила, изјави дека по донесувањето на владината одлука многу е зголемен увозот на стари возила.

— реклама —

– Забележан е голем увоз на возила, пред се автомобили, бидејќи фирмите кои се занимаваат со трговија на користени автомобили беа заинтересирани да увезат што поголем број автомобли,за да може да ги продаваат по стапувањето во сила на одлуката, истакна Шабани.

Тоа пак, според него, е поради фактот дека возилата кои во Албанија влегле пред втори декември 2018 година и кои се царинети, може да се регистрираат до први март следната година.

Веќе регистрираните возила и понатаму ќе сообрајќаат по патиштата низ Албанија, а ќе може и да се продаваат.

Просечната старост на возилата во земјата е 20 години и Владата преку оваа одлука сака да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот.

Во Албанија, има над 600.000 возила при што 80 отсто од нив произведени се пред 2007 година. Во просек годишно се увезуваат од 30.000 до 40.000 возила.

МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања