„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Во Бар откриена најголемата плантажа со марихуана во Црна Гора, биле пронајдени околу 13.100 садници канабис

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
marihuana

Црногорската полиција соопшти дека во местото Трново, општина Бар, е запленета најголемата досега плантажа со марихуана во државата. Во акцијата со кодно име „Трново“ се приведени 40-годишниот Златко Мараш од Зета и 65-годишниот Драган Перовиќ од Бар.

— реклама —

Според полицијата, операцијата е резултат на повеќемесечни истражни и доказни дејствија, реализирани во координација со Вишото државно обвинителство во Подгорица, Граничната полиција и Секторот за борба против криминал. Целта била разбивање на синџирите за производство, транспорт и шверц на дрога.

На осум различни парцели биле пронајдени околу 13.100 садници канабис во напредна фаза на одгледување. Плантажата имала систем за наводнување, обезбедување и современа технолошка опрема, што, како што се наведува, покажува висок степен на организација.

— реклама —

Осомничените биле затекнати на лице место и веднаш уапсени. Властите извршиле увид, иззеле материјални докази и започнале уништување на насадите. Дополнително биле претресени куќи и возила што ги користеле, при што биле пронајдени предмети кои ќе бидат предмет на вештачење.

Против двајцата е поведена постапка за кривично дело – недозволено производство, држење и пуштање во промет наркотични дроги.

Од полицијата нагласуваат дека оваа акција е уште една потврда за континуираниот ангажман во борбата против организираниот криминал. „Со акцијата ‘Трново’ ја потврдуваме нашата решителност и посветеност да ја заштитиме безбедноста, животот и здравјето на граѓаните,“ се наведува во полициското соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања