Промени тема
Контакт

Во БиХ запленети 40 килограми дрога пристигната преку пристаништето Плоче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
droga-zaplena-1

Државната агенција за истраги и заштита на Босна и Херцеговина (СИПА) соопшти дека во координирана акција со Министерството за внатрешни работи на Хрватска биле запленети 40 килограми дрога, која во Босна и Херцеговина пристигнала преку пристаништето Плоче.

— реклама —

Полициската операција била спроведена во вторник по наредба на Судот на БиХ, а во акцијата биле уапсени девет лица.

— реклама —

При претресите на станбени и помошни објекти, како и на возила, полициските службеници пронашле и привремено одзеле 40 килограми опојна дрога „канабис сатива“. Според информациите од СИПА, дрогата од пристаништето Плоче била транспортирана во Босна и Херцеговина со товарно возило што го користело едно од приведените лица.

— реклама —

Од СИПА посочија дека, иако во операцијата учествувале повеќе безбедносни агенции од БиХ, акцијата претставува пример за успешна регионална соработка во борбата против транснационалниот организиран криминал.

— реклама —

Претреси и апсења биле извршени во Чапљина, Кнежево, Теслиќ, Лакташи, Бања Лука, Зворник и на подрачјето на Брчко Дистрикт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library13rk50ip047kauqNvmH

Последен ден од изборната кампања во БиХ, од утре изборен молк

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
media-library9ehhqh7k71795YEWgOP

Земјотрес со јачина од 3,1 степен ја погоди БиХ

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryi92sq8118fk74biv0at

Дете загина во пожар во семејна куќа во БиХ

Балкан | пред 1 седмица

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Уште двајца војници отпуштени од Вооружените сили на БиХ поради величење на Младиќ

Балкан | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања