Промени тема
Контакт

Во Бутел запалени два автомобили, едниот е на адвокатот Асмир Алиспахиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryp1lukr5dcr3ge1PE01B

На 25 јули во раните утрински часови во скопската населба Бутел биле опожарени две патнички возила – „пасат“ и „мерцедес“, а едното од нив е во сопственост на скопскиот адвокат Асмир Алиспахиќ. Полицијата работи на расчистување на случајот, додека сопствениците засега не знаат кој стои зад инцидентот.

— реклама —

„На 25.06.2026 година, околу 02:20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бутел се опожарени две возила – „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.А. (42) од Скопје, и „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на М.М. (37) од Скопје“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Од МВР додаваат дека увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања