„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Во Демир Хисар набавувале делови од македонски народни носии за нелегален извоз: Тројца бугарски државјани под истрага

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryrq604s19125u2ZquuXr
AI

Основното јавно обвинителство во Битола отвори истрага против тројца државјани на Бугарија, со живеалиште во Пловдив, кои се сомничат дека незаконски тргувале со предмети што претставуваат македонско културно наследство. Станува збор за делови од традиционални народни носии, чиишто промет е строго забранет или ограничен согласно Законот за заштита на културното наследство.

— реклама —

Според обвинителството, тројцата осомничени во текот на месецов делувале заеднички, организирано и во група во околината на Демир Хисар, каде што купувале елементи од носии со намера тие потоа да бидат пренесени во Бугарија. Целта била нелегален извоз на заштитени предмети, кои во правна смисла спаѓаат во добра под привремена заштита или културно наследство.

На 9 декември полицијата ги затекнала како ги товараат собраните предмети во товарно возило и патнички автомобил, по што биле приведени и обезбедени доказите.

— реклама —

Обвинителството ги товари за кривичното дело неовластена трговија со добра под привремена заштита, културно наследство и природна реткост, казниво по член 266-в од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител веќе достави предлог до судијата на претходна постапка тројцата осомничени да бидат задржани во притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycmfdu82ve4ui33Vr7Fr

ЕК: Северна Македонија мора да ги забрза реформите и уставните измени за вклучување на Бугарите

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-05-at-12.20.53

Мицкоски за Бугари во Устав: Ние нема да влеземе во никаква авантура доколку нема јасен план дека го гледаме крајот

Македонија | пред 1 година

278509580_467301221849539_1296767525976558213_n

Пред 10 години сдсмовците ги нарекуваа вмровците ,,Бугари, Бугари", а вчера послаа црвен тепих на злото, вели Јоци

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања