Во дискотеката загина и ќерката на единствената жена пожарникар во Кочани; Колегите: Дадовме и повеќе од што можевме како помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Коментари
Screenshot-2025-03-28-at-17.30.24

Ќерката на единствената жена пожарникар во Кочани, загина во пожарот во дискотеката „Пулс“. Ивона Атова, имаше 21 година, не успеа да се спаси. Таа е нејзина ќерка единец.

— реклама —

„Црна се чума зададе - Кочани по 16.03.2025 повеќе не е ист град и нема да биде. Со силен трепет, голем шок и длабока тага конечно собравме малку сили да ви се обратиме. Ова е најтешката и најтажната објава во историјата на ДПД Кочани која ја пишуваме со солзи во очите и грутка во градите. Како и многупати досега, така и на 16.03.2025 година иако опструирани и маргинализирани од повеќе страни во последен период, одново бевме на браникот на Кочани. И покрај се, кога е тешко и покрај сите околности од пиџами и буквално од кревет десетина наши членови со две возила на ДПД Кочани скокна во очи на огинот. Онака во наш стил, волонтерски, со чиста душа и силен адреналин да се помогне каде што може.

Дадовме и повеќе од што можевме како помош за ТППЕ, МВР и Брзата помош кои со нивната оскудна опрема и лимитиран капацитет се бореа со МОНСТРУОЗНАТА ТРАГЕДИЈА од светски карактер која не задеси. Сцените кои ги затекнавме вечно ќе бидат врежани, а секој од нас загуби по некој близок, познаник, пријател, другар а нашите членови, сопружниците Тоше и Стојка го загубија најмилото – ќерката единец Ивона. Изразуваме искрено сочувство во ови болни и тешки моменти за сите жртви и оние кои се борат за живот. Вечна им слава!“, напишаа од Доброволното противпожарно друштво во Кочани.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања