„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Во Газа се преговара за примирје: „Израел повеќе или помалку прифати сè“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Израел „повеќе или помалку“ го прифати договорот за прекин на огнот во Газа, ставајќи ја топката на „дворот на Хамас“, рече американски официјален претставник, во моментот додека САД почнаа да со испорака на хуманитарна помош во Газа.

— реклама —

„Договорот е на маса. Израелците повеќе или помалку прифатија. Шестнеделен прекин на огнот во Газа би можел да започне уште денеска доколку Хамас се согласи да ослободи добро дефинирана категорија ранливи заложници“, изјави американски официјален претставник пред очекуваното продолжување на разговорите, веројатно веќе денеска во Каиро.

Агенцијата Ројтерс објави, повикувајќи се на египетски извори, дека денеска се очекува во Каиро да пристигнат делегации од Израел и Хамас. Но, друг извор на Ројтерс, запознаен со преговорите, рече дека Израел нема да испрати делегација додека не го има целосниот список на заложници кои се уште се живи.

— реклама —

„Разговорите сè уште се во тек“ за да се запечати договорот пред почетокот на Рамазан, светиот муслимански месец кој започнува за една недела, изјави официјален претставник за AFP под услов да остане анонимен. Според него, во последните недели е постигнат значителен напредок, но како и секогаш „нема договор додека не се договори се“.

„Израелците начелно прифатија елементи од договорот“, рече претставникот. Тој прецизираше дека шестнеделното примирје е замислено како „прва фаза“, со цел да се постигне „нешто потрајно“ за да може хуманитарната помош да биде доставена во многу поголем обем.

Хамас не се откажа од својот став дека привременото примирје мора да биде почеток на процесот кон целосен крај на војната, изјавија за Ројтерс египетски извори и претставник на Хамас. Египетски извори, според Ројтерс, рекоа дека на Хамас му биле понудени гаранции дека условите за траен прекин на огнот ќе бидат разработени во втората и третата фаза од договорот.

Во петокот Бајден ја спомена и „можноста за поморски коридор за транспорт на големи количини помош“. Но, тие две опции - испорака на воздух и поморска испорака „не можат да го заменат влезот на помош колку што е можно по копнени патишта“, предупреди во саботата висок американски функционер.

Во екот на предизборната кампања во САД, претседателот Бајден, кој се кандидира за втор мандат, е под притисок на левото крило на неговата партија и муслиманската заедница за неговата поддршка за Израел.

Во раните утрински часови избувнаа борби во Појасот Газа, а жителите пријавија дека силно гранатирање и тенкови напредуваат околу Хан Јунис, град во јужниот дел на Појасот. Околу Рафа, друг јужен град каде што повеќе од милион Палестинци побарале засолниште на границата со Египет, според властите, вчера и утринава биле убиени 25 лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања