Промени тема
Контакт
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE

Во Ѓорче Петров се решава проблемот со бездомните животни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
267790925_261679269286623_9201206749442816043_n

Проблемот со кучињата скитници во Ѓорче Петров ќе се решава во соработка со јавното претпријатие „Лајка“, со чие раководство, градоначалникот Александар Стојкоски оствари средба. Жителите на општината упатија поплаки во изминатиот период, дека има и агресивни кучиња на места каде постојано се движат и деца. Поради ова, мапирани се критичните точки каде има групирање на кучиња, за кои Ѓорче Петров доби уверување од „Лајка“ како надлежни за овој проблем, дека ќе бидат заловени и стерилизирани.

— реклама —

„Свесен сум за проблемот, особено појавата на кучиња пред и во училиштата. Во таа насока со в.д.директорот Воислав Димитровски договоривме да организираме серија настани и презентации во образовните институции што во иднина ќе помогнат од едукативен аспект. Со надлежните институции заеднички ќе продолжиме да работиме во оваа насока, а ќе се вклучиме и во националната стратегија иницирана од ЈП „Лајка“ која е во план да се активира“, посочи Стојкоски.

— реклама —
— реклама —

Тој апелира, да не се фрла храна на животните во училишните дворови каде се движат деца, туку на места оддалечени од образовните објекти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања