Промени тема
Контакт

Во Гостивар продолжува дистрибуцијата на вода со цистерни, водата сè уште не е безбедна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library58mnvek8g11711ElStS

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека и денес продолжува снабдувањето на граѓаните на Гостивар со вода преку цистерни, бидејќи водата од водоводниот систем сè уште не е безбедна за пиење.

На терен се ангажирани три цистерни – една од Територијалната противпожарна единица Гостивар, една од „Бехтел и Енка“ и една од Општина Боговиње. До попладнето тие веќе извршиле по две дистрибуции, а до крајот на денот се планирани уште по два турнуса.

— реклама —
— реклама —

Ангелов посочи дека во дел од примероците анализирани од Институтот за јавно здравје и понатаму се детектирани бактерии, поради што водата може да се користи само за технички потреби. Процесот на хиперхлорирање продолжува, а се очекува водата наскоро да биде прогласена за исправна.

— реклама —

Во меѓувреме, Министерството за здравство соопшти дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна. Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 84 први прегледи, што е за 27 повеќе од претходниот ден, но значително помалку во споредба со 18 јули, кога биле евидентирани 649 први прегледи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryno2cr484o2iv89WDivZ

Поранешната директорка на „Комуналец“, Артана Асани од затворски во куќен притвор, продолжува истрагата за загадената вода во Гостивар

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Македонија | пред 2 седмици

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања