Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Во Грција 35-годишен маж ѝ одгризал дел од увото на таксистка бидејќи немала ПОС-терминал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
police_457542992-1-1021x580

Жена таксист била нападната во атинското предградие Неа Јонија, откако 35-годишен маж физички ја нападнал и ѝ одгризал дел од увото.

— реклама —

Нападот се случил околу 1 часот по полноќ. Според грчките медиуми, инцидентот започнал откако патникот сфатил дека таксистката нема ПОС-терминал за плаќање со картичка.

Мажот ја нападнал 54-годишната жена и ѝ одгризал дел од увото. Таа била пренесена во болница со возило на Итната медицинска помош, каде што ѝ била укажана медицинска помош.

— реклама —

Очевидец кој интервенирал и го совладал напаѓачот изјавил дека мажот се однесувал невообичаено и изгледал збунето. Тој навел дека не забележал дека напаѓачот бил под дејство на алкохол, но изразил сомнение дека можеби бил под дејство на други супстанции. Овие наводи се предмет на истрага.

— реклама —

Повредената таксистка по нападот била во шок и плачела, додека очевидецот раскажал дека таа успеала да побегне од местото на нападот и да ја премине улицата.

Полицијата пристигнала за околу десет минути и го уапсила осомничениот. Против него е поднесена пријава за нанесување тешки телесни повреди.

— реклама —

Надлежните продолжуваат со истрагата за да се утврдат сите околности на нападот, како и состојбата на 35-годишникот во моментот на инцидентот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uapsen

Македонски државјанин баран со меѓународна потерница уапсен во центарот на Солун

Балкан | пред 7 часа

— реклама —
police_457542992-1-1021x580

Маскирани напаѓачи фрлиле молотов коктел на студентско собрание во Атина, тројца повредени

Балкан | пред 7 часа

media-library41fu3dth0drvbh948tz

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Балкан | пред 1 ден

brod

Евакуиран крузер со над 1.500 лица по дојава за бомба кај грчкиот остров Сирос

Балкан | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања