Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Во Грција убиле заштитено животно и го испекле среде национален парк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
koza
Фото: Илустрација

Грчките власти истражуваат пријава според која работници од приватна компанија во Националниот парк Самарија на Крит наводно убиле заштитена критска дива коза, ја испекле и ја изеле.

— реклама —

Истрагата е покрената по наредба на Обвинителството во Ханија, откако се појавиле тврдења дека инцидентот се случил за време на работи за обнова и санирање на штетите во кањонот Самарија.

Според пријавата, членовите на работната екипа, по завршувањето на работните активности, наводно ја убиле дивата коза позната како кри-кри, ја испекле на отворен оган и ја изеле во рамките на заштитеното подрачје.

— реклама —

Случајот го истражува Управата за шуми во Ханија, од каде што потврдија дека ги проверуваат наводите, но засега не можат да потврдат дали инцидентот навистина се случил, ниту да откријат повеќе детали.

— реклама —

Покрај сомнежите за незаконско убивање на заштитено животно, надлежните проверуваат и дали во националниот парк бил запален оган, што би претставувало сериозен ризик поради зголемената опасност од пожари.

Кри-кри е ендемска критска дива коза и еден од најпрепознатливите симболи на островот. Ловот на овој вид е строго забранет, а Националниот парк Самарија е основан во 1962 година токму со цел да се заштити нејзиното природно живеалиште.

— реклама —

Грчките медиуми нагласуваат дека засега станува збор за наводи од поднесената пријава. Дали ќе биде покрената кривична постапка ќе зависи од резултатите од истрагата што ја спроведуваат Управата за шуми и Обвинителството во Ханија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 7 часа

— реклама —
trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 2 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 2 дена

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања