Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 39 минути -

Балкан
media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP
unsplash

Надлежните служби во грчкото предградие Перистери, во западниот дел на Атина, заплениле 616,4 килограми небезбедно месо и месни производи при инспекција на деловен објект. Кај дел од производите рокот на употреба бил истечен и до 17 месеци, објави „Катимерини“.

— реклама —

Инспекторите откриле свежо и замрзнато месо со истечен рок, како и производи без задолжителни идентификациски ознаки. Меѓу запленетите производи имало 84 килограми замрзнато свинско месо со рок на употреба истечен во мај 2025 година, 180 килограми свинско месо и 82 килограми „гардуба“ – традиционално грчко јадење подготвено од внатрешни органи.

— реклама —
— реклама —

Регионалната советничка на Атика за земјоделска економија и ветеринарни прашања, Димитра Ангелаки, порача дека безбедноста на храната зависи од самиот производ, а не од неговата етикета. Таа најави продолжување на инспекциите и санкции за прекршителите, нагласувајќи дека потрошувачите мора да имаат доверба во производите што ги купуваат.

— реклама —

Според објавените информации, објектот и претходно бил казнет за слични прекршоци. При инспекција на 30 април биле запленети уште 138,5 килограми замрзнато месо и месни преработки без соодветни ознаки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 2 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 3 дена

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања