Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Во Грција запленети над два тона млечни производи од Бугарија, се превезувале без разладен уред

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
media-library5ft04nrhdokncTre68i

Грчките власти запленија и уништија повеќе од два тона млечни производи увезени од Бугарија, откако било утврдено дека се превезувале без соодветно ладење, со што претставувале сериозен ризик за јавното здравје.

— реклама —

Контролата била спроведена од инспектори на Независната управа за јавни приходи на патниот правец Маказа – Комотини, каде било запрено мало товарно возило со странски регистарски таблички.

При проверката било утврдено дека возилото незаконски превезувало повеќе од два тона млечни производи со потекло од Бугарија, без разладен товарен простор, што е спротивно на законските прописи.

— реклама —

Дополнително, инспекторите констатирале дека товарното возило било преоптоварено за околу 1.500 килограми.

— реклама —

Во соработка со ветеринарната служба на регионот Источна Македонија и Тракија било утврдено дека производите се небезбедни за употреба поради целосно отсуство на ладење за време на транспортот.

Целиот товар бил запленет и уништен, а против превозникот биле изречени предвидените казни поради прекумерната тежина на товарот и небезбедниот начин на транспорт на храната.

— реклама —

Грчките власти соопштија дека засилените контроли на патиштата ќе продолжат и во наредниот период со цел сузбивање на нелегалната трговија со земјоделски и млечни производи, заштита на јавното здравје и обезбедување фер услови на пазарот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 21 час

— реклама —
trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 2 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 3 дена

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања