„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Во импровизиран камп во Македонија малтретирале мигранти и барале поткуп за да ги пуштат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истрага против две полнолетни лица од Пакистан и двајца малолетници од Авганистан. Осомничените се товарат дека сториле кривично дело Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти од член 418-в став 2 и кривично дело Криумчарење на мигранти од член 418-б став 4 в.в. став 2 и 3 од Кривичниот законик.

Имено, во периодот од месец август до месец ноември оваа година две непознати лица од Пакистан со цел извршување на кривичното дело Криумчарење на мигранти создале организирана група на која припадници станале и осомничените. За непречено дејствување на групата тие создале импровизирани кампови во близина на границата со Р.Србија каде ги прифаќале и сместувале мигрантите кои илегално влегувале од територијата на Р.Грција, а од таму илегално ги пренесувале во Р.Србија и земјите на ЕУ. Во камповите мигрантите присилно биле задржувани, им биле одземани мобилните телефони и личните документи со што им оневозможувале каков било контакт надвор од кампот. Искористувајќи ја нивната немоќ, осомничените физички ги малтретирале жртвите, ги фотографирале и фотографиите ги испраќале на нивните семејства од кои барале парични средства за да ги пуштат жртвите да ја продолжат рутата, со употреба на сила и закана изнудувале парични средства и од жртвите кон кои се однесувале на крајно суров и понижувачки начин, а со некои имале и полови односи.

— реклама —

Како резултат на меѓународна соработка со органите на прогон од Р.Србија каде двајца оштетени мигранти ги пријавиле настаните, импровизираниот камп е откриен и во текот на вчерашниот ден е спроведена координираната акција. Во кампот се пронајдени 35 мигранти од кои девет се деца на возраст од четиринаесет и петнаесет години.

— реклама —

Осомничените се изведени пред судија на претходна постапка кој го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и на сите осомничени со решение им определи мерка – притвор во траење од 30 дена. За кривичните дела за кои се товарат осомничените е предвидена казна затвор во траење од најмалку 8 години.​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања