Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Во изминатите 15 години умреле вкупно пет пациенти од западнонилска треска, а сега за само едно лето починаа четворица“, вели Апасиев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
apasiev

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, ја оцени како алармантна состојбата со ширењето на западнонилската треска во Македонија, споредувајќи ги овогодишните податоци со статистиката од изминатите 15 години.

— реклама —

Апасиев посочува дека во периодот од 2011 до 2025 година во земјата биле регистрирани вкупно пет смртни случаи од ова заболување, додека годинава, за само неколку месеци, бројот на починати достигна четири.

„Во изминативе 15 години од оваа опасна заразна болест во Македонија умреле вкупно пет пациенти. Значи, само пет луѓе за 15 години досега. А сега, под неспособната вмроидна власт, за само едно лето починаа четворица пациенти“, наведува Апасиев.

— реклама —

Тој посочува дека Македонија, според актуелната состојба, се наоѓа на врвот во Европа, со стапка повисока и од некои медитерански земји каде што западнонилската треска е почеста.

— реклама —

Според Апасиев, ширењето на заболувањето претставува сериозен проблем за јавното здравје и можело да биде спречено со навремени и ефикасни мерки за сузбивање на комарците, кои се преносители на вирусот.

Тој ја обвини актуелната власт дека не презела соодветни мерки навреме и дека проблемот со прскањето против комарци бил проследен со сомнежи за неправилности при јавните набавки.

Апасиев тврди дека со навремена превенција и употреба на соодветни средства за дезинсекција можело да се спречи, како што вели, ескалацијата на состојбата.

media-librarymaq5kria5tb729gOk8Z

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

apasiev

„Од кога тоа постоење на одлука се докажува со сведочење“: Апасиев до Обвинителите по вчерашното судење за случајот „Државна лотарија“

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarynivb17sstia4cx1QxyN

(Видео) Апасиев на денешната собраниска седница покажа фотографии од баџанакот на Мицкоски со Заев и актуелниот премиер

Македонија | пред 1 седмица

media-library4uos4bi8jv788pgf1IQ

Апасиев објави отфрлена пријава за закани: „Бесилка“, „бензин и кибрит“ и „смрт“ за ОЈО биле политички говор

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев поднесе кривична пријава против членови на Антикорупциска: „Јас си стојам на зборот“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања