Денеска се расчистуваше дивата депонија долж реката Вардар, кај мостот „Газела“.
„Ова е еден од деловите каде во изминатиот период, најчесто несовесни граѓани, палеа огнови и со тоа го загадуваа воздухот, а се создаваше и дива депонија. Во претстојниот период планираме кај хотелот „Александар Палас" и кај Спортскиот центар „Борис Трајковски", исто така да ги расчистиме депониите, и тоа, не само за да имаме чиста околина и земјена и тревна површина, туку со тоа да превенираме палења на овие критични места каде во минатото интензивно се палеше“, рече Богоев.
Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев потенцира дека најстрого ќе бидат казнети сите несовесни граѓани кои ќе се обидат да фрлаат шут, градежни материјали, ѓубре од домаќинство или да палат отпад на отворено. За ова, како што рече, општината и Град Скопје, како и Државниот инспекторат за животна средина нема да имаат никаква толеранција за нарушувањето на законот и со тоа загадувањето на воздухот и на околината.
Богоев додаде дека онаму каде имало депонии откако ќе се исчисти просторот, истиот ќе се оплемени со ново зеленило, ќе се постави нова урбана опрема за да можат на пролет граѓаните да ги користат.