Промени тема
Контакт

Во контрола кај Кичево кај пет автобуси биле констатирани технички неисправности, а еден веднаш е исклучен од сообраќај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
policija

Во периодот од 16 до 18 февруари оваа година, на подрачјето на СВР Охрид се реализираа повеќе сообраќајни акциски контроли. Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 314 патнички и други моторни возила (Охрид-83, Струга-89, Кичево-82 и Дебар-60), вкупно 144 возачи беа алкотестирани (Охрид-40, Струга-56, Кичево-28 и Дебар-20) пришто, кај вкупно 13 возачи на моторни возила беше констатирано присуство на алкохол во крвта (Охрид-3, Струга-1, Кичево-5 и Дебар-4). Тие веднаш се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи.

На подрачјето на Кичево, беше извршена посебна контрола на возила кои вршат јавен превоз при што беа контролирани 34 автобуси и беа упатени во станиците за технички преглед. Кај пет автобуси биле констатирани одредени технички неисправности а еден автобус веднаш е исклучен од сообраќај.

— реклама —

По овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 24 мандатни платни налози и 14 барања за поведување прекршочна постапка.

Акциските контроли беа спроведени со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Тие континуирано ќе се реализираат на целото подрачје, информираше Стефан Димоски, порпарол на СВР-Охрид

— реклама —

 

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања