Во критичните 72 часа нема починати, сите преживеани од Кочани се во релативно стабилна состојба, рече Таравари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-03-16-at-10.45.39

Министерот за здравство, Арбен Таравари, рече дека поминале 72 часа и нема ниту еден починат пациент од лицата кои биле хоспитализирани. Рече дека денеска ќе се испратат уште пет лица надвор од државата, а очекува веќе и да се враќаат лица кои се лекуваат во странство.

— реклама —

„Добрата вест што сакаме прво да ја соопштиме е дека поминаа 72 часа и нема ниту еден починат од тие што ја преживеаа трагедијата во Кочани. Вкупно се третираат 178 пациенти низ различни здравствени останови, од кои 64 се во болниците во Македонија и 13 пациенти се во приватните болници во Македонија. Сите во релативно стабилна состојба. Во моментов 101 пациент се третираат надвор од државата, сите во релативно стабилна состојба. Вчера заедно со министерот за надворешни работи, отидовме и ги посетивме пациентите во Грција, се видовме со семејствата - сите презадоволни од третманот. Бевме во Софија, кај што се 9 пациенти, сите ги видовме, еден по еден. Сите во стабилна состојба“, рече Таравари.

Тој рече дека изминатото деноноќие нема починати, а едно преживеано лице е пуштено на домашно лекување.

— реклама —

„Ниту еден починат во изминатите 72 часа, нула починати има од тие што ја преживеаа трагедијата. Се надевам дека од следната прес-конференција ќе зборуваме за колку пациенти ќе си одат дома“, рече Таравари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања