Промени тема
Контакт

Во Куманово поднесени 160 барања за обештетување по невремето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library4lfq8oo179hdaG6vTdl

До Општина Куманово се поднесени вкупно 160 барања и известувања од граѓани и правни субјекти за надомест на штетите предизвикани од невремето што го зафати градот на 20 јули.

Од Општината информираат дека најголем дел од пријавите се однесуваат на оштетени фасади, откорнати кровни конструкции на семејни куќи и станбени згради, оштетени покриви, како и штети на возила предизвикани од паднати дрвја и делови од кровови. Пријавени се и поплавени објекти поради атмосферски води, како и штети на земјоделски насади.

— реклама —
— реклама —

Од локалната самоуправа потсетуваат дека рокот за поднесување барања за обештетување истече на 31 јули. Комисијата за проценка и утврдување на штетите досега одржала два состанока на кои ги разгледала сите пристигнати барања.

— реклама —

По извршениот увид на терен и проценката на штетите, Комисијата ќе изготви елаборат-извештај кој ќе биде доставен до надлежната владина комисија за понатамошно постапување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8iindo7eal7t4MJBibD

(Видео) Невремето го разбранува Охридското Езеро, огромни бранови кај Градиште

Настани | пред 1 месец

media-library1ad3iak2398n9K6Jewi

Ѓорѓиевски: Општините ќе формираат комисии за пријавување на штетите од невремето

Скопје | пред 1 месец

media-library3qndtdmoe1k39q771ua

Колапс на линијата 112: Над 8.300 повици по невремето, ангажирани дополнителни оператори

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvskja4dv0ba83ruPfm0

Апел од струмичките пожарникари: Внимавајте поради нестабилни дрвја и оштетена инфраструктура

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања