Во Македонија е во тек најдолгиот и најсилниот топлотен бран ова лето, температури до 45 степени

објавено пред 1 година -

Македонија
272681520_348498710614047_8013920186532602673_n

Во Македонија е во текот најдолгиот и најсилниот топлотен Африкански бран ова лето. До самиот крај од оваа, како и во текот на следната седмица температурите и понатаму ќе ни бидат екстремно високи и во најголем дел од Македонија ќе се искачуваат до, па и над 35 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи до 43 степени оваа седмица, додека во текот на следната седмица во овие предели можни се температури и до 45 степени.

— реклама —

Во Скопската котлина очекуваме температури до околу 40 степени, но со тоа што повремено таа е можно и да надминува 40 степени.

За време на овој период во најголем дел од Македонија очекуваме и тропски ноќи, односно температурите во текот на ноќните и утринските часови нема да се спуштаат под 20 степени.

— реклама —

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Само во недела во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме.

Ув индексот и понатаму ќе има многу висока, до екстремно висока вредост 9, па токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот ден од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања