Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Во Македонија на големо се кршат работничките права - над 80.000 поплаки за неисплатени плати и откази

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Или се неисплатени плати или откази без постапки, дури 80.000 поплаки за прекршување на работничките права пристигнале на адресата на Сојузот на синдикати, потврдуваат оттаму. Првиот човек на ССМ Дарко Димовски вели дека кај повеќето имало некоја интервенција и контакт со инвеститорот. Има поплаки и за исплата на плати под минималецот

— реклама —

-Некои не послушаа, поведовме дури и судски постапки, а за останатите се обративме до Државниот инспекторат за труд. Се постапува, редовно не известуваат, добиваме каде се врачени решенија и каде се исплатени глоби. Најголем дел од работниците со тие решенија се вратени на работа, онаму каде што не се вратени ССМ им овозможува бесплатна правна помош, ги застапува пред судовите за да докажат дека им се нарушени тие работнички права, вели Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Во периодот од јануари и март 2021 година, Државниот инспекторат за труд направил 3.738 надзори по претстваки пријавени од граѓани кои што сметаат дека им е повредено одредено право од работен однос или право од заштита и безбедност при работа. Покрај овие вонредни надзори, има 541 контолен надзор, и 267 редовни надзори.

— реклама —

Државниот инспекторат за труд и Сојузот на синдикатите на Македонија, подржани од Меѓународната организација за труд и Европската Унија, во изминатиот период работеле на креирање на апликација преку која граѓаните на брз и едноставен начин, преку своите мобилни телефони ќе добијат директна информација за своите права, и можност за пријавување случаи кога се прекршуваат законите. Станува збор за мобилна апликација.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања