Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Во масовниот напад на Украина загинаа три лица, 13 беа повредени, а најмалку тројца исчезнати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Во масовниот руски ракетен напад утринава врз Украина, загинаа три лица, најмалку три се водат како исчезнати, а 13 се повредени, соопшти денеска заменик-началникот на кабинетот на украинскиот претседател Алексеј Кулеба.

„За жал, има жртви. Три лица загинаа - две во регионот Хмелницки и едно во Запорожје. Најмалку три лица се водат како исчезнати. Засега е утврдено дека се повредени 13 лица. Оштетувања има и на цивилни куќи“, напиша Кулеба на Телеграм, пренесува Укринформ.

— реклама —

Тој истакна дека за време на нападот, Русија истрела повеќе од 150 ракети и проектили врз регионите на Украина - Одеса, Ивано-Франковск, Лавов, Днепропетровск, Харков, Запорожје, Кировохрад, Хмелницки, Виница и Суми. Според него, ситуацијата на левиот брег на реките Днепар е особено тешка.

— реклама —

Вечерашниот напад на руските сили врз енергетскиот систем на Украина беше најголемиот досега, а се карактеризира со тоа што беа употребени комбинирани средства - крстосувачки и балистички ракети, како и беспилотни летала од типот Шахед, изјави шефот на операторот Укренерго Володимир Кудрицки.

Тој изјави дека нападот бил извршен во различни региони на Украина, на термоцентрали и хидроцентрали, како и на главните трафостаници со кои управува Укренерго. Украинската државна хидроенергетска компанија денеска соопшти дека во рускиот удар била погодена најголемата брана во земјата, ХЕЦ Днепар во Запорожје, но дека нема ризик од пробивање, пренесе Униан.

— реклама —

Херман Халушченко, министерот за енергетика на Украина, рече дека тоа е најголемиот напад врз енергетската инфраструктура на Украина во блиското минато.

„Целта не е само да се оштети, туку повторно да се обидеме, како и минатата година, да предизвикаме голем неуспех на енергетскиот систем на земјата“, напиша тој на Фејсбук, според Ројтерс.

Како што пренесува Укринформ, во текот на ноќта руските сили ја нападнале Украина со повеќе од 60 дронови „Шахед“ и речиси 90 проектили од различен тип. Според командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешчук, украинските воздухопловни сили уништиле 55 руски дронови Шахед и 37 проектили.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb00pgimrkf76ftxV4e6

Русија и Украина разменија масовни напади по најавите за мировни преговори

Свет | пред 21 час

— реклама —
kremlj-moskva

Кремљ: На Русија ѝ е потребен траен мир со Украина, а не привремено примирје

Свет | пред 1 ден

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Путин не остава простор за преговори: Безбедносната зона долга 660 километри во Украина не е предмет на договор

Свет | пред 3 дена

media-libraryl51t1k82f938bhIcmD7

Украински дронови уништија половина од најголемите центри за податоци на рускиот „Гугл“, „Јандекс“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања