Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Во моите два мандати како советник, ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не гласаше ЗА отпочнување на БРТ“: Трајановски вели „сега е негов реализатор“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Скопје
media-libraryrjmm7v0to4p56pmdkHZ

Александар Трајановски (ГРОМ) тврди дека проектот за БРТ во Скопје бил блокиран пет години од политички причини, па стартот се поместил од 2021 на 2026. Според него, ВМРО-ДПМНЕ не гласала за проектот, а сега станува негов реализатор, што покажува дека проблемот не бил во проектот туку „кој го предложил“. Тој наведува дека средствата се кредит од ЕБОР од 70 милиони евра земен во 2021, кој стоел неискористен, а се плаќала камата околу 330.000 евра годишно (вкупно 1,65 милиони за 5 години), еквивалентно на 6 електрични или 9 обични автобуси.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на Скопје од ГРОМ, обвини дека проектот за брз автобуски превоз (БРТ) бил блокиран пет години поради политички причини, наместо поради реални слабости.

— реклама —

Во објава на социјалните мрежи, Трајановски посочува дека отпочнувањето на проектот во 2026 година, наместо во 2021, е доказ дека политиката не се води во интерес на граѓаните.

— реклама —

„Отпочнувањето на БРТ проектот во 2026, наместо во 2021 година е уште еден доказ колку политиката кај нас не е во интерес на граѓаните и општеството. Дополнителна поткрепа на ова е што токму „душманот“ на БРТ сега е негов реализатор.

Дали сте слушнале или прочитале еден добар збор за овој проект од ВМРО-ДПМНЕ? Јас не!

И не само тоа, во моите два мандати како советник во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш нема гласано ЗА отпочнување на овој проект. Ниту еднаш!

Сега, најголемиот проблем и „душман “за отпочнување на БРТ-то е реализатор на истот. Значи, не бил проблем проектот. Проблем било кој го предложил или уште потрагично, во чие време на власт ќе се тендерира.

Овие пет години кои ВМРО-ДПМНЕ ги потроши во блокирање на БРТ, не беа само инат. Овие пет години, инатот на ВМРО-ДПМНЕ скопјани ги чинеше пари за нешто што не го добиле, ниту го користат, а мора да плаќаат.

Инаку ниту Владата, ниту Мицкоски го одврале ќесето за да ги „частат“ скопјани брз автобуски превоз. Тоа се пари од кредит од Европската банка за обнова и развој кои стојат на наменска сметка пет години затоа што некој водел инат со Град Скопје.

За кредитот од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) кој е земен 2021 година, се плаќа годишна камата од околу 330.000 евра. За пет години тоа се 1.650.000 евра. Во автобуси тоа се 6 нови електрични или 9 обични.

Ете толку ги чини скопјани „само“ овој пет годишен инат на ВМРО-ДПМНЕ за БРТ“ наведува Трајановски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryt938mk5g06pj2zVh9XL

Филипче го зајакнува тимот, д-р Александар Трајановски е предлог за нов потпретседател на СДСМ

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryt938mk5g06pj2zVh9XL

Д-р Трајановски ветува капитални проекти за Аеродром: Кино, театар, затворен базен, катни гаражи...

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryut6dd98vhlsda0Xaake

(Видео) Трајановски ветува крај на сообраќајниот хаос во Аеродром, кандидатот на СДСМ најави бројни проекти

Скопје | пред 5 месеци

aleksandar-trajanovski1

Александар Трајановски е кандидат на ГРОМ за градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов носител на коалиционата листа

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања