Во моментот се хоспитализирани 19 возрасни и 18 деца со морбили

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
morbili

Согласно најновите податоци од Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, во текот на вчерашниот ден биле прегледани тројца пациенти со симптоми на морбили, од кои двајца возрасни пациенти се амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, а една пациентка е хоспитализирана на клиниката. Станува збор за 29-годишна пациентка од Скопје, без податок за вакцинален статус.

— реклама —

На Инфективната клиника во моментот се хоспитализирани 19 возрасни и 18 деца со морбили, односно вкупно 37 пациенти со морбили. Еден пациент се наоѓа во потешка состојба на одделот за интензивно лекување.

Согласно податоци од Институт за јавно здравје, во периодот од 02.03 до 08.03.2019 година се пријавени вкупно 83 сомнителни случаи на мали сипаници, додека од почетокот на епидемијата во Скопје, вкупно се регистрирани 493 случаи на мали сипаници.

— реклама —

Од почетокот на епидемијата, вкупниот број вакцинирани лица во Скопје е речиси 10 илјади лица, додека вкупен број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во државата изнесува 15.151 лице. Високиот одзив на вакцинацијата ќе придонесе за кревање на колективниот имунитет.

Инаку, во текот минатата недела во Институтот за јавно здравје се пријавени 2.678 случаи со симптоми на грип, што е за 16,5% намалување во споредба со една недела пред тоа. Вкупниот број заболени од грип оваа сезона изнесува вкупно 15.201 лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања