Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Во нападите загинаа 16 Палестинци, Израел нареди нова евакуација во јужниот дел на Газа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Најмалку 16 Палестинци се убиени во израелски напади во источните делови на Хан Јунис, соопштија денеска здравствените власти во Газа, веднаш откако Израел нареди евакуација на некои области од, како што рече, обновените напади.

— реклама —

За да се овозможи ова, армијата соопшти дека ги прилагодува границите на хуманитарната зона во Ал-Маваси за да ги држи цивилите подалеку од борбената област.

Палестинските здравствени власти соопштија дека најмалку 16 Палестинци биле убиени во гранатирање на израелски тенкови врз градот Бани Сухаил источно од Хан Јунис. Областа била бомбардирана и од воздух, велат извори.

— реклама —

Армијата соопшти дека новите наредби следеле по обновените палестински напади, вклучително и ракети истрелани од целните области во источен Хан Јунис. Наредбите за евакуација не се однесуваат на здравствените установи, рекоа Палестинците.

— реклама —

Палестинците, Обединетите нации и меѓународните хуманитарни организации предупредуваат дека повеќе нема безбедно место во Газа.

Десетици Палестинци беа убиени претходно во јули во одделни израелски напади во областите означени како хуманитарни во Ал-Маваси.

— реклама —

Израел изјави дека нападите биле насочени кон вооружени милитанти, вклучително и некои врвни воени лидери на Хамас. Палестинските власти рекоа дека наводите се лажни и дека Израел ги користи за да ги оправда нападите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryj0j81cq8c6j82hXjPxN

Израелската војска изврши нов напад во Појасот Газа, семејства ги напуштаат засолништата

Свет | пред 3 дена

— реклама —
11-izrael

Израел користи технологија на „Амазон“ за масовен надзор врз Палестинците во Газа

Свет | пред 6 дена

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Трамп ја прекинува воената помош за Израел: „Доволно се богати сами да си купуваат оружје“

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања