Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Во нашата земја само успехот не се простува, каква порака ќе оставиме кон младите генерации, вели д-р Јовев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
jovev

Професорот доктор Сашко Јовев прочита писмо напишано заедно со колективот на Клиниката за кардиохирургија. Тој посочи дека имаат низа успеси, а разрешувањето покажува дека успесите не се простуваат во Македонија. Јовев постави и низа прашања до Министерството и до Владата како во негово име така и во име на колективот.

— реклама —

„Во нашата земја само успехот не се простува. Каква порака ќе оставиме кон младите генерации? Кардиохирургија, заедно со овој тим, во последните осум години создаде ултрамодерна клиника, која ги работи сите можни процедури во кардиохирургијата, кои се работат во најреномираните светски клиники. Создадовме најмодерна единица за интензивна нега. Излечивме многу тешки пациенти. Од проект израснавме во регионален центар. Сега за награда, дали од каприц, дали од скриена сугестија, добиваме смена на менаџментот на Клиниката. Покажуваме одличен пример на младите генерации, дека ако се учи и создава, ако се оперира 24/7, ако се сака земјата, ако се биде пожртвуван за пациентите, ако се опреми клиниката како најмодерните, не чини и треба да ги напуштиме клиниката и земјата или да не се прави сето тоа?“, праша Јовев читајќи го писмото напишано со колегите.

— реклама —

Тој посочи дека за него во животот постојат два начина на однесување – да се работи, создава и учи или да се гази по тоа. Докторот Јовев ги повика Министерството за здравство, министерот и Владата да ја преиспитаат одлуката за разрешување.

— реклама —

„Цврсто стоиме на ставот дека тимот што победува не се менува. Да ја оставиме политиката на страна. Ако сето ова се прави, се има магистериум, докторат, три специјализации, титули за редовен доживотен професор, се оперира, се едуцира, се воведува сѐ што е најново, значи дека се спие? Не знам, да видиме“, додаде Јовев читајќи го писмото.

Тој додаде дека ако имало пропусти во настанот при спроведување на протоколот – не смее да има разрешување.

„Сметаме дека најискусните луѓе треба да ги водат клиниките“, додаде Јовев.

Посочи дека сите работат 24/7 на Клиниката, а ако сите го евидентираат работното време – тој нема да може да ги плати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања