„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Во недела музички собир во одбрана на МКЦ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
mkc1

Минатата година на 28 декември се одбележа 50-годишниот јубилеј на Младинскиот културен центар – МКЦ. По скоро еден месец од одбележувањето, во недела (22.1.2023), пред платото на МКЦ во Скопје со почеток од 12 часот, најавен е „Музички собир во одбрана на МКЦ: Сите за МКЦ“.

— реклама —

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber

Настанот се организира во знак на протест против смената на досегашниот директор на оваа културна установа Ванчо Богоев, кој 36 години работи во МКЦ. На негово место, Град Скопје пред неколку дена постави нов директор, кој по професија е детектив.

— реклама —

Според организаторите на настанот, потпишани како „Гола планина колектив“, „ова е собир за сите ентузијасти и љубители на независната култура, заедно да го изјавиме нашето незадоволство“

„СИТЕ ЗА МКЦ! [МУЗИЧКИ СОБИР ВО ОДБРАНА НА МКЦ]

МКЦ ПЛАТО, 22.01, НЕДЕЛА

12:00-16:00

[Собир за сите ентузијасти и љубители на независната култура, заедно да го изјавиме нашето незадоволство!]

ОВА НЕ Е САМО УШТЕ ЕДНА СВИРКА!

Запрашајте се: дали сте биле во последниве 50 години на свирка, изложба, театарска претстава, поетско читање, промоција на книга, проекција на филм, или на било каков настан во МКЦ? Дали сте си поминале убаво? Ако да, знаете за што се бориме.

БОРБАТА Е...

Борбата е за квалитетни услови на уметничка креација која не спаѓа во ексклузивно популарната сфера, за градските институции да не си играат со уметниците и оние кои го овозможуваат нејзиниот процут, бидејќи инаку ќе згасне младата уметничка експресија.

Се бориме за сите оние фестивали и концерти во МКЦ кои се случиле во последниве 50 години и сите оние кои сакаме да се случуваат во иднината.

Се бориме за сите спомени (остварени и сѐ уште неостварени), за минатото и за иднината.

СРАМОТА Е!

Срамота е да се скрати буџетот на МКЦ за 92%!

Срамота е форсираното политизирање на една од најлегитимните и најработливите културни установи во Македонија.

Срамота е постојаниот обид за угнетување на оние кои уживаат во правење и восприемање на уметност различна од популарната, посебно на младите кои се борат за трошките.

МКЦ Е ЗА СИТЕ!

МКЦ е она што нè држи живи.

МКЦ не го заслужува ова, не заслужува еден ваков ветеран да биде изеден од забот на времето и алчноста.

МКЦ Е ПОВЕЌЕ КУЛТУРА ОД СИТЕ КВАЗИ КУЛТУРИ КОИ СЕ ПОНУДЕНИ НА ГРАЃАНИТЕ.

МКЦ не е само Скопје, МКЦ е Македонија, МКЦ е Европа, МКЦ е млади и стари.

МКЦ е светилник на нашата култура.

Нема да дозволиме да ни го земете, наше е!!! #СитеЗаМКЦ #SiteZaMKC #НеГоЧепкајтеМКЦ

ЌЕ НАСТАПУВААТ:

S.A.M

Cut Your Nipple

Lufthansa

Дина Јашари

Новиот Почеток

Shock Troopers

Yöu

Хајка

Dope Kukjata

(и други...)“, стои во описот на настанот на социјалните мрежи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања