„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Во недела „Осмомартовски“ марш против насилството врз жените во Жена Парк Борец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
media-libraryrkqblrm2abm44R7416y

Во недела во 12:00 часот, во Жена Парк Борец во Скопје ќе се одржи „Осмомартовски“ марш против насилството врз жените, фемицидите и родово-базираните напади, со порака дека жените нема да се помират со културата на насилство. Организаторите посочуваат дека 2025 била рекордна по фемициди и случаи на семејно и родово насилство, а институциите и заедницата сносат одговорност поради игнорирање и релативизирање. Повикот е за заеднички отпор и поддршка за жртвите и оние кои не добиле помош.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

На Осми март, оваа недела во недела, во 12:00 часот, во Жена Парк Борец во центарот на Скопје ќе се организира „Осмомартовски“ марш. Маршот е повик за здружено и гласно спротивставување на насилството врз жените, фемицидите и родово-базираните напади, со цел да се испрати порака дека жените нема да се помируваат со културата на насилство.

— реклама —

„Срцата ни се скршени, но гневот нема да ни го земат! Не молчиме. Не прифаќаме. Не се помируваме.

Уште колку жени ќе снема додека институциите се неми поддржувачи и поттикнувачи на насилство?

— реклама —

2025 година беше рекордна по фемициди и по случаи на родово-базирано и семејно насилство, а годинава почна исто така со голем број случаи на убиства и насилство врз жени и девојки.

Фемициди, силувања, напади, закани, омраза, вознемирување, демнење, уценување, мизогинија и сексизам, не се изолирани инциденти туку резултат на нашето секојдневие кое ги дехуманизира жените.

Сите надлежни институции, кои со години игнорираат, минимизираат, релативизираат, поттикнуваат и доволуваат насилство врз жени се виновни. Виновна е и заедницата која избира да им верува на насилниците, наместо на жртвите.

Во ова општество жената е оставена сама да докажува, да се штити, да бега и залудно да бара помош. Во ова општество жената е најнебезбедна токму онаму „каде што ѝ е местото“: дома.

Ова општество ги учи мажите дека имаат надмоќ, дека жените се нивна сопственост и имаат право да ги поседуваат, контролираат, па дури и одземат нашите животи.

Со години маршираме и се бориме за достоинство, слобода, безбедност, превенција, заштита и живот без страв. И оваа година ќе маршираме и со пркос кон културата на насилство ќе порачаме: нема да нè снема.

Нема оправдувања, нема затајување, нема заборавање.

Заедно да им се спротивставиме на силеџиите, насилниците, убијците и институциите.

Ве повикуваме да излеземе заедно и здружено на Осмомартовски марш во недела:

- за сите оние кои повеќе немаат глас

- за сите оние кои побарале помош и не ја добиле

- за сите оние кои требаше да бидат спасени, а не беа

- за сите оние кои не можат да излезат зошто го ризикуваат својот живот“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања