Државниот инспекторат за труд продолжи со вршење на вонредни инспекциски надзори во ден недела, заради доследна примена на одредбите од Законот за работни односи и Законот за трговија.
„На ден 23.01.2022 година извршени се вкупно 37 вонредни инспекциски надзори на територијата на РСМ од страна на дежурните инспектори.
При инспекциските надзори утврдени се 9 неправилности кај работодавачи при што кај 7 работодавачи е утврдена неправилност по различни основи и е донесена инспекциска мерка решение за отстранување на неправилностите. Кај 1 работодавач е увидено дека ја нема пријавено работата во недела, со што сторил повреда на чл.2 став 7 од законот за изменување и дополнување на ЗРО со што е изречена инспекциска мерка опомена, согласно чл.258 од ЗРО, кај 1 работодавач е издадено решение за забрана за работа во недела во траење од 15 дена“, велат одДржавниот инспекторат за труд.