Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Во Охрид се одржа комеморација по повод смртта на Благоја Силјаноски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
DSC0279-scaled-1

Во организација на Општина Охрид и новинарите на Охрид, во големата сала денес се одржа комеморација по повод смртта на Благоја Силјаноски.

За Благоја зборуваа Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и новинарот Милчо Јованоски.

— реклама —

– Почитувани семејство Силјаноски,

Примете го моето искрено сочувство.

— реклама —

Благоја Силјаноски, целиот свој животен век го поминал афирмирајќи го Охрид на овој или оној начин. По завршувањето на основното училиште во родното село образованието го продолжува во охридската гимназија, потоа во Скопје и Прилеп каде што ги завршува последипломските студии и го одбранува магистерскиот труд здобивајќи се со звањето магистер по економски маркетинг.

Работниот век го започнал во Радио Охрид, каде што работел од 1970 до 1975 година, како новинар, уредник и коментатор, а од 1975 година преминува во РТВ Скопје (сегашна МРТВ) како раководител на регионалниот дописен центар во Охрид. Извстувајќи за секојдневните активности во градот, но и репортажи за подобро запознавање на Охрид.

Од 1990 до 1996 година, беше прв претседател на Собранието на Oпштина Охрид во самостојна суверена и независна Република Македонија. Во овој период бил и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија, и ја предводел македонската делегација на Заедницата во Комитетот на локалните и регионалните власти при Советот на Европа во Стразбур, Франција. Во 1994 година, на слободните демократски парламентарни избори беше избран за пратеник од педесет и првата изборна единица во Собранието на Република Македонија.

Покрај професионалните ангажмани, Благоја со литературно творештво се занимава од раните детски години кога пишува поезија за деца и објавува во повеќе детски списанија и во периодични весници. Со проза почнал да се занимава подоцна, пред крајот на работниот век. Досега ги објавил романите: Талкање – Винтрекс (2003), Бистем (2004), Векослов за светиот град (2004), Охридската инфарктштрасе (2005), Чемерни судбини (2005), сите во издание на НИД Микена од Битола. По романот „Стуткани сништа“ од 2007 година ја издава публицистичко – туристичката проза „Мирисот на патината“ посветена на Охрид. „Деволски краснопис “ е последно негово печатено дело во 2008 година.

Добитник е на престижната награда „7ми Ноември“, сега „Свети Климент Охридски“ – Патрон на Охрид. За Благоја има и може да се зборува уште многу.

Наша задача како млади генерации, обавувајќи ги истите или слични функции треба да ни биде следење на патот трасиран од нашите претходници. Почитување и афирмирање на позитивните вредности кој што ги оставиле нашите предци за како светилник водилка ние да ги оставиме за идните генерации. Верувам дека и Благоја ја имал и ја практикувал истата задача.

Како што нашиот мудар народ рекол „Не можеш да умреш доколку е вечен споменот твој“. Нека биде вечен споменот на Благоја Силјаноски.

Слава му! – рече градоначалникот Пецаков.

Посмртните останки на Благоја Силјаноски ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид во недела, 4 септември, од 12.00 до 12.30 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryirc78uq2ogdo0W16T8u

(Видео) Се урива стогодишна куќа со уникатна архитектира во Охрид

Настани | пред 5 дена

— реклама —
media-librarye6rml7ek4pvidGwNx7G

Доделени признанија на најуспешните основци и средношколци во Охрид

ОО | пред 1 седмица

media-libraryshouhflvntvu9J4T7Je

Свежо цвеќе во чест на светите браќа Кирил и Методиј

ОО | пред 1 седмица

media-library4g9udkdsgkas7emDxYR

Охрид ги награди најдобрите ученици: „Вие сте гордост на градот“

Охрид | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања