Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Во Охрид сепак ќе има дочек на Нова Година на градскиот плоштад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
NG_elka_-ohrid

На градскиот плоштад во Охрид ќе има новогодишна забава. Овој пат организацијата ја превзедоја здруженијата на охридскиот угостителски еснаф и на хотелиери на Македонија.

На новогодишната забава под отворено небо на градскиот плоштад, на 31 декeмври, ќе настапат Ѓоко Танески, Жармена, групите Бетис Бупс и Бекдор бенд и ди-џеј Петар.

— реклама —

Инаку општина Охрид ги откажа предвидените празнични свечености и манифестации, поради ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски, но хотелиерите сметаат дека некаков дочек мора да има, со оглед на фактот дека Охрид и годинава е исполнет во целост за Новогодишните празници.

— реклама —

Сместувачките капацитети во Охрид за Нова година се речиси целосно исполнети, а најбројни се гостите од опкружувањето. Од туристите доминираат Бугарите, Србите, Црногорците, Албанците, Грците, потоа Турците, но на ривиерата уживаат и гостите од Западна Европа. Убавото време го наполни шеталиштето, а во препознатлива празнична врева, врие плоштадот и чаршијата. Хотелиерите потенцираат дека цените на новогодишните аранжмани се склучени уште пред 2 месеци и дека најпродавани се пакет аранжманите кои нудат 3 дневен престој. Цените се движат од 100 до нешто повеќе од 150 евра,зависно од тоа што содржи аранжманот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања