Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ВО ОХРИД ЗА ПРВПАТ СЕ СЛАВЕШЕ СВЕТСКИОТ ДЕН НА КУЛТУРНАТА РАЗНОВИДНОСТ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

ОО
1000028569

Со пригодна свеченост денеска во Охрид за првпат се одбележа Светскиот ден за разновидност на културите, за дијалог и развој. Во рамките на проектот „Разликите зближуваат“ преку разни мултикултурни активности децата порачаа дека јазикот и традицијата не смеат да бидат пречка за комуникација и другарување.

— реклама —

Различните верувања, обичаи, празници треба да ги зближуваат младите, никако да ги разделуваат. Колку подобро се запознаваат и учат едни за други, толку повеќе ќе се почитуваат, порачаа организаторите.

— реклама —

„Целта е децата да научат да ја слават различноста, но и да сфатат дека разликите се богатство и привилегија. Музиката е универзален јазик па затоа токму преку песна и игра ги споивме да станат блиски да умеат да ги почитуваат и слават различностите. Целта е да се промовираат заедничките вредности што сите ние ги имаме, без оглед на социјалните, политичките или етничките и верските разлики. Младите треба да ги почитуваат различните обичаи, традиции и култура, а тоа може да се случи доколку одблизу се запознаат со нив. Да изчезнат меѓуетничките предрасуди и да се гради едно општество за сите“, велат од Здружението за развој и унапредување на културата, екологијата и туризмот „Нова порта“ носител на проектот кој е поддржан од Општина Охрид.

— реклама —

Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски вели дека е посебно горд што Општината за првпат слави одбележување на Денот на културната разновидност и најави дека негувањето на мултикултурализмот и промоцијата на различностите ќе прерасне во традиција.

„Денеска сум посебно горд што со реализацијата на овој проект Општина Охрид стана водечка општина во земјава која ја слави различноста преку културната разновидност со која најдобро се гради едно општество за сите. Само доколку ја разбереме мултикултурата како национално богатство можеме да кажеме дека сме успеале да создадеме подобар свет за живеење, полн со разбирање и толеранција.“, кажа Божиновски.

На денешниот настан децата од основното училиште „Братство Единство“, кое денеска одбележува 75 години од своето постоење, ги презентираа традицијата и обичаите како и народната носија препознатлива за нивната етничка припадност.

„Од ова училиште сите ние успеавме да изградиме дом. Дом во кој децата зборуваат различни јазици, но играат и се смеат на ист начин. Дом во кој наставниците се припадници на различни култури, но предаваат со едно исто срце. Дом во кој секоја вера се почитува, секоја традиција се прифаќа, а секоја различност се слави“, кажа директорот Мехмед Џемал.

https://ohrid.gov.mk/%d0%b2%d0%be-%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b4-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b2%d0%bf%d0%b0%d1%82-%d1%81%d0%b5-%d1%81%d0%bb%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d1%88%d0%b5-%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be/?fbclid=IwY2xjawKmYbtleHRuA2FlbQIxMQBicmlkETFJQm52QjQ5S2Y0cU96NGNnAR63htacZFLbFIsUxSwiqfd3aSe5B6athr9KgYBCujedJ2Zo4ak1pfnRSV9DyQ_aem_ArUQoGQ5lknUIrEQ9uvExg

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања