Промени тема
Контакт

Во период пред ризик од рестрикции на струја Заев за директор на РЕК поставува хармоникаш, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
06102021_PVRSM_Zaev_Brdo-Kranj-1

„Во период пред ризик од рестрикции на струја Заев за директор на РЕК поставува хармоникаш. Ново поставениот директор на РЕК Битола Пеце Матески пред само неколку месеци беше поставен за директор на Термоелектраната, во која во изминатиот период се случија најголем број на хаварии. Пеце на ова место доаѓа како долгогодишен хармоникаш, без посебно искуство во енергетиката. РЕК Битола не е оркестар, туку најголемиот енергетски капацитет во државата, кој ако не работи, земјата може да остане и без струја. На чело на РЕК треба да биде докажан експерт, а не музичар од кариера. Деградирачки е РЕК да го води човек кој нема никакво познавање од енергетиката, ниту реално искуство од областа. Опасност по безбедноста на земјата е на чело на најголемиот енергетски капацитет наместо енергетичар од пракса да имаме хармоникаш“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —
— реклама —

„Скоро 40 милиони евра државата ќе плати за месецов што измина затоа што РЕК Битола нема јаглен, а хидроакумулациите се празни и не произведуваат струја. Струја која сега е платена и купена од увоз од домашните капацитети можела да се произведе за цена и до 5 пати поефтино. Кога за еден месец се потрошија 40 милиони, колку ќе се потрошат до крајот на грејната сезона? Огромни суми на пари се трошат без план, а како што стојат работите нема ниту кој да го направи планот за излез на државата од енергетската криза. Со СДСМ и Пеце на чело на РЕК, битолчани имаат еден хармоникаш помалку, а државата еден проблем плус“, додаваат оттаму.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања