На ден 24.01.2022 на автопатот Кичево-Охрид ќе се изврши минирање во времето од 15 до 16:30 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат .
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.