Промени тема
Контакт

Во понеделник од 5 до 9 часот возилата на ГП кон Грција ќе се пропуштаат на секои 10 минути

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library907s9kpger0l8aTFhoO
ФБ / МВР

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во понеделник, 27 јули, е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).

Според информациите добиени од надлежните органи на Грција, штрајкот ќе трае од 5:00 до 9:00 часот по македонско време. Во тој период, патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути, додека товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин и за влез и за излез од Грција.

— реклама —
— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки и дека во функција ќе бидат ставени сите расположливи човечки и технички капацитети, со цел полесно одвивање на сообраќајот на македонската страна од граничните премини.

— реклама —

Од МВР апелираат граѓаните кои планираат патување кон Грција навреме да се информираат и да ги земат предвид можните задржувања на граничните премини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylq2lubfs9h8ffyqZZjA

Гужви на границите: На Богородица се чека 45 минути за излез од Македонија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarycvabqqipv5nbfZcdXVS

(Видео) Гужви на границата кон Грција

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryh1mu4ou1oqlh4SdGHoV

(Видео) Гужви на границата со Грција: Колони возила за влез во Македонија

Македонија | пред 1 седмица

media-library0m4sqnslod543wLRbOE

Продолжениот викенд носи гужви: Се очекуваат долги колони кон Грција

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања