Промени тема
Контакт

Во првите 100 дена реализирани или отпочнати над 1090 проекти, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vmro-1

100 дена отчет на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена промени кои што носат подобра иднина, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Во првите 100 дена реализирани или отпочнати над 1090 проекти, видливи проекти за добро на сите граѓани во општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ.

Општина Илинден доби ново основно училиште, а во општина Брвеница се реконструираше спортската сала „Коста Рацин“.

Во основните училишта и дел од градинките во општина Аеродром се поставија нови фотоволтаици, со цел заштедување на електричната енергија.

Нови детски градинка се изградија во општина Сопиште, општина Кавадарци додека во завршна фаза се нови градинки во општина Кочани, општина Василево и општина Битола. Опремени се дел од детските градинки во општините Ѓорче Петров, Бутел, Велес, Свети Николе, Македонска Каменица, Прилеп, Вевчани

— реклама —

Битолчани конечно ќе добијат современ градски стадион со изградбата на северната трибина.

Во скоро време општините Кавадарци и Велес ќе добијат нови затворени градски пазари.

Изградба на нова прочистителна станица во општина Сопиште за населеното место Ракотинци, додека во Свети Николе се уреди речното корито на Горобинска река,

— реклама —

Изградени или реконструирани улици во скоро секоја општина во должина од над 100 километри. Општина Штип е општина без кал, нови улици во населените места во Кочани, Виница, Македонска Каменица, Карбинци, Пехчево, Ново Село и други.

Во овие 100 дена откако градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ раководат со општините, се изградија или реконструираа канализациони и водоводни мрежи во Гази Баба, Кисела Вода, Петровец, Велес, Вевчани, Битола, Македонска Каменица и многу други општини

— реклама —

За 100 дена градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ изградија или реконструираа 96 нови игралишта и паркови, а се исчистени над 200 диви депонии.

Додека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат и даваат отчет за сработеното, овие денови не видовме ниту еден градоначалник на СДСМ и ДУИ да испадне пред граѓаните и да даде отчет за сработеното. Нема отчет затоа што нема ниту проекти од градоначалниците на СДСМ и ДУИ.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека можат и умеат, со нова енергија и план, со посветена работа и визија за подобар живот на сите граѓани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања