Промени тема
Контакт

Во разорниот пожар во Шпанија загинаа 12 лица, се открива можната причина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryc8c9aiflf3r5azTj1mU

Разорниот пожар на југот на Шпанија, во кој загинаа најмалку 12 лица, повеќе не се шири, откако пожарникарите со денови се бореа да го стават под контрола.

Претседателот на регионалната влада на Андалузија, Хуанма Морено, изјави дека состојбата е стабилизирана, а во гаснењето значително помогнале послабиот ветер и зголемената влажност на воздухот.

На терен и натаму се ангажирани околу 500 пожарникари, војници и припадници на службите за итни интервенции, кои работат на целосно локализирање на пожарот. Според официјалните податоци, огнената стихија уништила околу 7.000 хектари шума и ниска вегетација.

— реклама —

Во меѓувреме, продолжува потрагата по евентуални нови жртви. Спасувачките екипи, волонтерите, полицијата и армијата повторно ги пребаруваат опожарените подрачја, куќите и околните патишта.

Околу 600 евакуирани жители веќе добиле дозвола да се вратат во своите домови, додека уште околу 1.000 лица остануваат привремено сместени кај роднини или во хотели. Надлежните очекуваат и тие наскоро да се вратат дома.

Во пожарот, кој избувна во четвртокот навечер, животот го загубија најмалку 12 лица, а осуммина се повредени. Според првичните информации, причината за избувнувањето на пожарот најверојатно е дефект на далновод.

— реклама —
media-libraryc8c9aiflf3r5azTj1mU

(Видео) Најмалку 12 загинати во катастрофален пожар во Шпанија, исчезнати 19 лица

Најмалку 12 лица загинаа во катастрофалниот шумски пожар што ја зафати шпанската покраина Андалузија, а уште 19 лица се водат како исчезнати, соопштија регионалните власти.Според шпанскиот весник „Ел Паис“, бројот на жртви се искачил откако рано утрово била потврдена смртта на уште шест лица. Пожарот избувнал во општината Лос Гаљардос, во провинцијата Алмерија.Првичните информации укажуваат дека дел од загинатите, за кои се претпоставува дека биле странски туристи, се обиделе да ја напуштат обла

Свет | пред 1 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvpafti6ud3lra9Gzoej

20 пожари на отворен простор во Македонија: Четири сè уште активни

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhpici8d970m3bZwI7iH

Пожарникарите го спречија огнот да влезе во Грачани: Огнената линија од Косово беше долга над пет километри

Македонија | пред 2 дена

media-libraryi3cpgui9birq3RiTJSs

Пожарот што навлезе од Косово стигна над Грачани: Двата „ер-трактори“ се борат со огнот

Македонија | пред 2 дена

media-libraryr0iuttmdgkq3brQ75z3

(Фото и видео) Армијата со хеликоптерска интервенција во Дебар: За три часа истурени 22 тони вода врз пожарот

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања